Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Издадена меѓународна потерница по Ахметај; дали Косово ризикува да има трета власт со формирање на „Заедницата“; Косовската ЦИК денеска ќе расправа за предвремени избори на северот

СПАК побара меѓународна потерница од Интерпол за Ахметај, поранешен вицепремиер кој исчезна по обвинението за корупција, пишуваат албанските медиуми. Косовскиот премиер Албин Курти е спремен да работи на формирање на „Заедницата“, но истовремено укажува на тоа дека нема да дозволи да се формира „трета власт“ во Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Албеу: СПАК го стави  Арбен Ахметај на меѓународна потерница

„По поранешниот вицепремиер Арбен Ахметај е побарана меѓународна потрага. Три дена откако го прогласи за национално баран, државната полиција го извести специјалното обвинителство дека пратеникот од редот  на социјалистите,  не е во територијата на Албанија.

Како резултат на тоа, истражителите на СПАК испратија барање до Интерпол Тирана за меѓународна потерница за Ахметај“, пренесе Албеу.

Епока е ре: Во Албанија една од најголемите  грижи  е недостатокот на работна сила

„Една од причините зошто луѓето си заминуваат е тоа што Албанија стана прескапа. Владата ја зголеми минималната плата, но луѓето се уште се соочуваат со многу тешкотии. Овде ги гледам цените и во секојдневниот живот треба одредена сума на приход за да има минимален животен стандард. И дали со покачувањето на платите го достигнавме овој минимален стандард? Не!“, вели меѓу другото Стефани Зиг-Фарка, претседателка на ДИХА  за ДВ, пренесено во Епока е Ре.

КОСОВО

РТВ21: Косово ризикува да постави трета власт со формирање на „Заедницата“

Формирањето на асоцијација на општини со српско мнозинство остана итно барање на меѓународниот фактор за премиерот Курти. Последниот призна дека не може да ја избегне оваа обврска, но вели дека не може да има извршни овластувања.

„Кажав онака како што гледам, подготвен сум српската заедница во Косово да биде подобро организирана за да добие што е можно повеќе квалитетни јавни услуги, и да ги почитува сите нивни права, кои се прилично широки според планот на Ахтисари, но сето тоа мора да биде во рамките на Уставот на Република Косово, во рамките на одлуката на нејзиниот Уставен суд и исто така во согласност со писмото на Федерика Могерини до поранешниот премиер Мустафа , според кое не може да извршна власт или да претставува трето ниво на влада“, рече Курти во интервју, пренесе РТВ 21.

Арбреш: ЦИК ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за предвремени избори на северот

„Централната изборна комисија на Република Косово, денеска со почеток во 13: 30 часот ќе го одржи следниот состанок.

На дневен ред ќе биде разгледување и одобрување на уништување на избирачкиот материјал на вонредните избори за градоначалник на општините во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Ќе се разговара и за предвремените избори за собранијата на општините во Звечан и Лепосавиќ.“, пренесува Арбреш.

КУЛТУРА

Топ Чанел: За Фест во Скадар/ Музика и специјални гости на фестивалот

„Фестивалот, кој се креираше со цел да ги промовира вредностите на Албанија, преку музика, уметност, поддршка на традицијата и заштита на животната средина, се одржува три вечери по ред, почнувајќи од дворот на Саат-кулата на Инглиз,  завршувајќи во замокот Розафа, со светски познати пејачи и специјални гости.“, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Коха: Нарко баронот  од Белгија и неговиот живот во швајцарски луксуз

„Белгискиот барон беше богат. Неговите врски се проширија во Латинска Америка, од каде тони кокаин течеа во западниот свет. Баронот важеше за еден од најозлогласените европски криминалци. Во март 2000 година, судот во Белгија го осуди на 4 години затвор. Не заврши во затвор, бидејќи исчезна без трага заедно со холандската партнерка и нивното заедничко бебе.

На 16 февруари 2022 година, бегалецот Белгиец беше врзан со лисици во Цирих од специјалната единица „Дијамант“ на швајцарската полиција.“, пишува Енвер Робели во колумната „Нарко баронот  од Белгија и неговиот живот во швајцарски луксуз“, објавена во Коха.

Д. Тахири

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново