Како Приштина од кризно подрачје се најде на светска мапа на фестивали

Дукаџин Липа, поранешен рок-вокал од Приштина кој во 1990-тите побегнал во Лондон со семејството, денес е менаџер на ќерка си Дуа и моторот зад најгласниот културен извоз на Косово.


Во 2018 тој ја замисли „Sunny Hill“ како приватна иницијатива што ќе ја вгравира татковината на светската музичка мапа – и успеа: економскиот ефект на фестивалот надминува 20 милиони евра по едно издание.
Само годинешниот лајнап, со имиња како Dua Lipa, Shawn Mendes и Peggy Gou, чини „неколку милиони евра“ во хонорари и продукција – сметка што, велат организаторите, ја покриваат самите преку спонзори и продажба на билети. Од државата не побарале ни евро субвенција; општина Приштина учествува симболично со стотина илјади, помалку од 5 % од вкупниот буџет.


„Изградивме бренд кој ги надминува многу подолговечни фестивали во регионот,“ гордо рече Липа-постариот, потсетувајќи дека 45 % од публиката доаѓа од странство.

Ако ги прашате младите луѓе во Македонија, идентитетот се гради вака, кога другите луѓе ќе ви дојдат дома да видат кои сте и што имате да понудите. Не со удирање во гради со политички пораки кои не се слушаат подалеку од селска чешма.

Во меѓувреме во регионот, фестивалот EXIT најави селење од Србија токму поради реториката на локалната власт и немање чувство што им треба на младите за да не си одат, и без разлика дали ќе остане на Новосадската тврдина Петроварадин или не Sunny Hill најавува ново музичко поглавје не само за регионот туку и за Европа, токму заради пораките кои ги праќа: Заедништво, љубов и уметност.

Редакцијата на порталот Trn.mk направи ексклузивни фото и видео материјали кои може да ги погледнете на следниов линк, уживајте во спектаклите кои очигледно долго нема да ги видиме во Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен