Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милатовиќ: Ноќ што ја чекавме 30 години

Новоизбраниот претседател на Црна Гора Јаков Милатовиќ вечерва изјави дека ова е „ноќта што ја чекаме повеќе од 30 години“ и посочи дека вечерва Црна Гора направи одлучувачки чекор напред и решително се збогува со режимот на Мило Ѓукановиќ.

-Нека ни е на сите среќа оваа победа, изјави Милатовиќ.

Милатовиќ додаде дека Црна Гора направила чекор кон понапредна и поевропска Црна Гора. 

Зачлени се на нашиот е-билтен