Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На аеродромот во Приштина била пријавена закана со експлозив

Портпаролката на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, Ваљентина Гара, потврди дека попладнево добиле закана за бомба, пренесува МИА.

Потврдуваме дека добивме закана за бомба. Патниците и персоналот се евакуирани и безбедни. Тимовите вклучени во планот за вонредни состојби се ангажирани во извршувањето на нивните задачи, рече Гара.

Како што пренесува Бета, ова е една од десетината закани кои беа упатени кон овој аеродром, и сите беа лажни.

Најново