Непромислен потег на турист ги разбесни Грците

Еден „непромислен“ потег на еден турист, како што многумина го опишуваат, предизвика бес низ цела Грција, а откако беше фотографиран како крева античко парче мермер на археолошкото наоѓалиште Портара.

На фотографија што брзо стана вирална, еден млад човек гордо држи над главата голем мермерен фрагмент, за кој се верува дека е дел од наоѓалиште кое датира од 530 година п.н.е.

Локација без соодветна заштита

Портата е единствениот преостанат дел од никогаш незавршениот Храм на Аполон. Комплексот се наоѓа на светилиште посветено на Аполон и е отворен за јавноста, без билети, контроли или обезбедување.

Иако оваа отвореност овозможува лесен пристап за посетителите, во исто време го остава местото без соодветна заштита, што резултираше со бројни примери на непочитување на културното наследство, пишува Дејли Меил.

Покрај гореспоменатиот турист, социјалните мрежи беа преплавени и со слики од семејство кое импровизираше мини-бар со скара и освежителни пијалоци на истото место – директно на просториите на античкото светилиште.

„Туризмот треба да се запре“

Грците реагираа на ова однесување со остра осуда. Коментарите на социјалните мрежи укажуваат на длабоко разочарување и загриженост.

„Оваа фотографија покажува тажна и опасна реалност, посетителите се качуваат на антички остатоци, ги земаат и ги малтретираат заради една фотографија“, напиша еден корисник.

Друг додаде: „Туризмот во Грција треба да се запре тука и сега. Ова ги премина сите граници.“

„Антиквитетите не се стока за широка потрошувачка. Тие бараат грижа, одржување и безбедност“, гласеше друг коментар.

Веднаш беше поставен чувар

Градоначалникот на Наксос, Димитрис Лианос, рече дека Министерството за култура веднаш било информирано за сè и дека на местото е поставен чувар, иако сè уште не е познато колку долго ќе трае оваа мерка.

„Она што го бараат општината и жителите на островот, а што веќе му го предложивме на Министерството за култура, е целосна реставрација и систематско управување со местото, со билети и обезбедување, со цел да се обезбеди заштита и да се генерираат средства за културата.“

Зачлени се на нашиот е-билтен