Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Османи: Проширувањето со државите од Западен Балкан со јасна цел до 2030-та е врвен безбедносен интерес за ЕУ

 Обединета и просперитетна Европа во мир може да се постигне само со обединет и просперитетен Западен Балкан во мир. Во таа смисла, ова е редок случај на очигледен споделен интерес и за ЕУ и за Западен Балкан. Политички, економски, културолошки, па дури и географски, ние сме патници на истиот брод. Дефинирањето јасен пат за идните проширувања со државите од Западен Балкан со 2030 година како поставена цел, претставува врвен безбедносен интерес за самата ЕУ. 

Ова го порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во денешното обраќање на летната академија „Quo vadis Europa?”, во Сантандер, Шпанија, организирана од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и Меѓународниот универзитет „Менендез Пелајо“.

Во дискусијата за проширувањето и соседството со фокус на Западен Балкан и неговиот пат кон ЕУ, каде меѓу учесниците беше и министерката за надворешни работи на Албанија Олта Џачка, Османи се осврна на зголемениот акцент на важноста на проширувањето на ЕУ, потенцирајќи дека постои консензус кај државите од регионот и кај држави членки на ЕУ дека тоа сè уште не е доволно.

-Дваесет години по Самитот во Солун, итно ни е потребна среднорочна визија за нашиот регион во рамките на Унијата, подвлече министерот.

Шефот на дипломатијата напомна дека, „ја разбира комплексноста на условите во кои ЕУ функционира, двоумењата на ЕУ за проширувањето, потребата таа да се продлабочи пред да се прошири, да го прилагоди процесот на носење одлуки пред да прими нови членки од ЗБ“.

-Ние веруваме дека овие два процеса се комплементарни. Подготовката на ЕУ за проширување треба да оди рака под рака со подготовката на земјите од ЗБ за пристапување во Унијата. Потребно ни е овие процеси да ги усогласиме, да ги поврземе. Уверени дека не постои алтернатива на членството на ЗБ во ЕУ, она што ни треба сега е да ја одржиме кредибилноста на процесот бидејќи во моментов постои јаз помеѓу ветувањата на ЕУ од Солунскиот самит, дадени пред 20 години, дека ЗБ ќе стане дел од ЕУ поради што процесот губи на атрактивност и станува ранлив и податлив на надворешни влијанија како што е руското влијание во регионот. Затоа предлагаме да се воведе концептот на повеќе интеграција пред членство не како алтернатива на самото членство, туку како меѓуфаза низ која ќе поминуваме на патот кон полноправното членство. Штом земјите од Западен Балкан станат дел од системот на европските вредности, пристапувањето во ЕУ ќе стане само формален момент, рече Османи.

Во контекст на значењето на Западен Балкан, тој презентираше карта каде регионот е прикажан како остров опколен „од морето на ЕУ“, загатката, вели, што недостига за целосна завршена Европа, шест земји од Западен Балкан целосно опколени од земји членки на ЕУ.

-Значи географски е невозможно да се стави на страна регионот. Ова ни влева доверба дека ЕУ нема да биде комплетен, мировен, одржлив проект без интеграцијата на ЗБ. Шесте земји кои по големина заедно се помали од територијата на Романија со само 18 милиони население од кои 15 милиони резиденти, со помалку од 1 процент од БДП на ЕУ и помалку од 4 проценти од популацијата на ЕУ, вели Османи.

Со оглед на неговиот бекграунд како лекар, тој за регионот употреби и метафора со медицински реченик – „рана на телото“, , a рани се случуваат, вели, кога има нарушена циркулација кога нема поврзаност во регионот или со остатокот од ЕУ – нема единствен пазар, нема циркулација на луѓе, капитал, услуги. А раните служат или како точка на крварење или како влез за бактерии кои можат да го контаминираат иули инфицираат останиот дел од телото.

-Историски Западен Балкан служел како точка нa крварење на Балканот. Првата светска војна започна во Сараево, но се повеќе станува и како влезна точка за малигни влијанија како насилен екстремизам, миграциската криза преку тероризам и организизран криминал користејќи го регионот како влезна точка, поради неговата ранливост. Она што ЕУ покажа во последните 30 години е дека го обезбеди единствениот извор на кохезивно ткиво за поврзување на регионот, обезбеди движечка сила за реформската агенда и навистина Западен Балкан помина долг пат и од воените ровови од пред 30 години  денес регионот зборува за воспоставување на заеднички регионален пазар како подготвителна фаза од пристапувањето во единствениот пазар на ЕУ. Тоа е единственото врзивно ткиво, единственото лепило кое не поврзува обезбедувајќи мирен регион како предуслов за завршување на мировниот ЕУ проект, но и како движечка сила за позитивната реформска агенда во однос на владеење на правото и основни права, рече Османи. 

Осврнувајќи се на потребата од конкретни придобивки за нашите граѓани на патот кон членството во ЕУ, тој го поздрави новиот план за раст на Западен Балкан, предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, втемелен врз нашиот концепт „повеќе интеграција пред членство во ЕУ“.

-До целосното пристапување во ЕУ, потребна ни е засилена визија заедно со веродостојни и реални чекори во меѓувреме со цел унапредување на демократскиот развој, подобрување на економските можности и поттикнување на помирувањето во Западен Балкан. Тие подразбираат зголемување на претпристапните фондови, прогресивно пристапување кон единствениот пазар, продлабочување на регионалната економска интеграција, отстранување на квотите за земјоделските производи и вклучувањето на државите од регионот во трговските и инвестициските политики на ЕУ, порача Османи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен