Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Продолжува прогонот на студентите во Србија со „потетрници“, тие одговорија: Не отстапуваме

На социјалните мрежи повторно се појави „потерница“ насочена кон студентите кои учествуваат во блокадите на факултетите во Нови Сад под името „Кој ни го блокира ФТН“. Авторот, се разбира, е непознат, пишува денеска Данас.

Откако се појави овој „налог“, студентите на Факултетот за технички науки реагираа со соопштение во кое најостро го осудуваат таргетирањето на нивните колеги и споделувањето на нивните приватни фотографии.

„Поради загрижувачките настани на Факултетот за технички науки, ја известуваме јавноста дека непознати лица составиле список со имињата на 11 студенти, етикетирани како наводни организатори на актуелната студентска блокада на факултетот. Заедно со оваа листа, која наликува на налог, се споделуваат и приватни податоци и фотографии од нашите колеги. Контроверзниот пост, кој првично се појави во група на Телеграм посветена на дискусија за блокадата, сега кружи и на другите социјални мрежи. Сакаме да нагласиме дека на споменатите фотографии ги замативме лицата и имињата заради заштита на нашите колеги“, се вели во соопштението на студентите на ФТН.

Наведоа дека овој случај е само дел од поширокиот контекст на кампањата за дискредитација на студентите, која со недели се спроведува во одредени медиуми наклонети кон противниците на блокадата.

„Утринава во утринската програма на телевизија Пинк, поранешниот студент на Правниот факултет, Вукашин Ѓоковиќ заедно со водителот јавно ги коментираа нашите колеги од споменатата листа“, се вели во соопштението на студентите.

Студентите на ФТН понатаму во соопштението нагласија дека нема организатори на блокадата, дека е загрозена безбедноста на студентите и дека раководството на факултетот не презело соодветни мерки.

„И покрај декларативната поддршка за студентите, раководството не ги осуди, ниту ги спречи нападите врз студентите. Недостатокот на реакција е особено загрижувачки со оглед на нападите што се случија при обидите за нормализирање на работата на факултетот“, се вели во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен