Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Протест во Грачаница против насилството на косовската полиција врз припадник на ромската заедница

Десетици граѓани излегоа денеска на протест пред полицијата во општина Грачаница, во централно Косово, против насилството за кое се тврди дека пред десетина дена го извршила тамошната полиција врз припадник на ромската заедница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот е организиран од организацијата Опре Рома Косово, која бара одоговорност за петмината полицајци за кои оштетениот Бурхан Ибрахимовиќ тврди дека го тепале додека го испрашувале во полициската станица.

„Стоп за бруталноста врз Ромите“, „Нема веќе толеранција за тепањето Роми“, „Да се разрешат насилниците“ и „За што служи законот?“, се некои од пораките испишани на транспарентите кои ги носеа учесниците на протестот“.

Случајот е пријавен и во Полицискиот инспекторат на Косово (ИПК), од каде што потврдија дека е примена поплака од граѓанин кој тврди дека на 18 август бил брутално претепан од 4-5 полициски службеници во полициската станица во Грачаница.

– ИПК потврдува дека добил поплака од граѓанин и истата е во фаза на прелиминарна истрага. Другите дејствија ќе се преземат зависно од резултатите на истрагата и согласно законските овластувања на ИПК, се вели во соопштението на таа институција. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново