Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Реакции во Грција за заканите од пратеник од СИРИЗА до новинари, судии и директори на банки

Грчкото обвинителство покрена службена постапка против пратеникот од СИРИЗА и поранешниот алтернативен министер за здравство Павлос Полакис поради објава на Фејсбук во која напаѓа, меѓудругите, и судии, објави весникот „Катимерини“.

Објавата на Полакис во која, според весникот, директно им се заканува на 15 новинари, 13 судии, четворица директори на банки и на претседателот на Управата за јавни приходи, предизвикала политички реакции во Грција.

Од СИРИЗА го отстраниле од позицијата одговорен за транспарентност во партијата, коментирале дека со однесувањето, самиот се поставува вон кандидатската листа за претстојните избори, а партиските органи дополнително ќе одлучат за покренување дисциплинска постапка.

Најново