Реки студенти и граѓани во Белград – фрчаат шишиња и јајца, Вучиќ хушка

Во Белград денеска се одржува протестот под мотото „Се гледаме на Видовден“, организиран од студентското движење како дел од низата протести што траат веќе неколку месеци. Студентите и граѓаните се собираат на плоштадот Славија, изразувајќи незадоволство и барајќи одговорност од властите за трагедијата што се случи на 1 ноември минатата година во Нови Сад, кога при уривање на настрешница на новореновираната железничка станица загинаа 16 лица.

Голем дел од јавноста ја обвинува Владата за трагедијата, посочувајќи на коруптивни практики, непрофесионално изведени работи и системски пропусти. Од друга страна, државното раководство ги нарекува демонстрантите „терористи“ и нивните акции „обоена револуција“, обвинувајќи ги дека дејствуваат по странски инструкции и дека имаат за цел дестабилизација на државата.

Од протестната поворка веќе се забележани инциденти – според извештаи од терен, кон објекти и полициски кордони се фрлаат шишиња, јајца и други предмети, а тензијата постепено се зголемува.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи пред почетокот на протестот, тврдејќи дека очекува насилство на неговиот крај.
„Според нашата проценка, очекувајте насилството да започне помеѓу 20:45 и 21:45 часот, но ние сме подготвени“, изјави Вучиќ, повторно алудирајќи на организирана акција против државата.

Овој протест е дел од поширокото движење на студентски, опозициски и граѓански групи кои бараат политичка и институционална одговорност, транспарентна истрага и крај на, како што велат, владеењето со страв и манипулации.

Зачлени се на нашиот е-билтен