Европската комисија е во близок контакт со грчките власти за поддршка на погодените и напорите за обнова што ќе бидат потребни, напиша на Х потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас за невремето и катастрофалните поплави во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Дополнително, изрази и солидарност за земјата и за погодените од поплавите.
Во невремето „Даниел“, досега животот го загубија три лица, а поплавени се повеќе градови во централниот дел на во Грција.