Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СИРИЗА очекува конкретни иницијативи од грчката Влада за ЕУ перспективата на регионот

Очекуваме неформална вечера да не биде уште една ПР-прилика, туку дека ќе бидат претставени конкретни иницијативи од Грција за пристапната перспектива на Западен Балкан во продолжение на Солунската агенда и Договорот од Преспа и под поставените услови од ЕУ во јуни 2019 година, а по интервенција на Владата на СИРИЗА, соопштија од грчката опозициска партија СИРИЗА во пресрет на неформалната вечера што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека „обидот на грчкиот премиер да ја истакне важноста на европската перспектива на Западен Балкан, во момент кога систематски молчи дека оваа перспектива се одмрзна во 2018 година и постои благодарение на Договорот од Преспа, претставува знак на лицемерие“.

Додаваат дека актуелната грчка Влада има недостиг на стратегија во надворешната политика и особено недостиг на кохерентна стратегија за Балканот во корист на интересите на Грција.

-Потсетуваме дека господинот Мицотакис е единствениот европски премиер кој од една страна ја повикува ЕУ да продолжи со интеграцијата на Северна Македонија (и сите земји од Западен Балкан) за помалку од десет години, додека од друга страна одбива да ги ратификува трите технички договори со соседната земја. Тој е премиерот кој од една страна не го кани премиерот на Албанија поради случајот Белери, но од друга страна пред неколку месеци со него одржуваше фиести во малцинските села во Албанија, разменувајќи предизборни комплименти, соопштија од СИРИЗА.

Во однос на информациите дека на вечерата можно е да присуствува и претседателот на Украина, од опозициската партија велат дека освен што треба да се истакне потребата за запирање на нелегалната руска инвазија, важноста од апсолутно почитување на територијалниот интегритет и меѓународното право и потребата да се покаже солидарност со државите каде што стојат овие принципите се прекршени, очекуваат да се испратат пораки и за кипарското прашање.

Извор (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен