Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Со третата изборна победа по ред на ПЕС на Спајиќ и Милатовиќ Црна Гора го избра европскиот пат и борбата против корупцијата

Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) по преброените 100 отсто од гласовите на денешните вонредни парламентарни избори во Црна Гора, посочи дека најдобар резултат освои Движењето Европа сега (ПЕС) предводено од Милојко Спајиќ – 26 отсто од гласовите.

Втора е листата „Заедно“, предводена од  Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Даниел Живковиќ, со 23 отсто од гласовите.

На трето место е коалицијата „За иднината на Црна Гора“ – Демократски фронт (ДФ) со 15,1 отсто, а на четврто е листата „Алекса и Дритан – Храбро се брои“ составена од Граѓанското движење УРА на досегашниот технички премиер Дритан Абазовиќ и на Демократите на Алекса Бечиќ со 13 отсто гласови.

Бошњачката партија има 6,8 отсто од гласовите.

Според овие податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), распределбата на мандатите во црногорскиот Парламент сега ќе изгелда вака: 

Движењето Европа – 24 мандати; Демократската партија на социјалистите (ДПС) и партнерите – 21 мандат; Демократски фронт (ДФ) – 14 мандати; Демократи-УРА – 12 мандати; Бошњачка партија – шест мандати; Албански форум – два мандата; Албанска алијанса – еден мандат; и Хрватска граѓанска иницијатива (ХГИ) – еден мандат. 

Лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС) и носител на листата на црногорските вонредни парламентарните избори, Милојко Спајиќ, во синоќешното обраќање до јавноста по објавувањето на прелиминарните резултати истакна дека неговата ПЕС постигна најдобар индивидуален резултат од сите 15 учесници на изборите, освојувајќи 26 проценти од гласовите.

– Ова сега е голема победа за Европа. Од статус на вонпарламентарна партија за една година станавме најголемата партија во Црна Гора и покрај сите притисоци. Постигнавме добар резултат и очекуваме што поскоро да се формира влада. Ќе разговараме со сите кои ги делат нашите вредности, рече Спајиќ.

На прашањето со кого нема да преговара, Спајиќ порача дека тоа е најавено уште од претходно, а се однесува на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Граѓанското движење (УРА).

Победата на ПЕС е трета во низа врз „вечната“ ДПС на Ѓукановиќ, после локалните и претседателските избори што за аналитичарите претставува уште еден доказ дека Црна Гора го избра европскиот пат и борбата против корупцијата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира