Вооружена група Албанци во подножјето на ридот Шоп испукала 15 истрели во правец на припадници на српската армија во близина на границата меѓу Србија и Косово. Во таа прилика било погодено куче кое било во непосредна близина на патролата, објавуваат денеска српските медиуми.
Инцидентот се случил денеска околу 15.00 часот. Вооружената група со шест џипови, како што се наведува во медиумските извешати, избегала во правец на Косово.
Ниту еден од припадниците на српските вооружени сили не е повреден во овој напад, пренесоа некои од медиумите.
Полициските и воените сили веднаш реагирале и го зголемиле своето присуство во областа.
Истрагата е во тек со цел да се утврдат сите околности на нападот и идентитетот на сторителите.
Ова е уште еден во низата инциденти што дополнително ги зголемуваат тензиите во пограничниот регион.

