Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Српските студенти се номинирани за Нобеловата награда за мир

Студентите од Србија официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир, објави писателот и драматург Синиша Ковачевиќ на социјалната мрежа Икс.

„Тукушто пристигна потврда од Нобеловиот комитет дека е прифатена номинацијата за Нобеловата награда за мир, за која адвокатката Дијана Стојковиќ и јас ги предложивме српските студенти. Тие ја заслужија“, напиша Ковачевиќ.

Студентите низ Србија протестираат веќе два месеци, а нивните акции добија поддршка од граѓани во речиси сите делови на земјата. Протестите започнаа со блокади на факултетите, а потоа преминаа во улични демонстрации со конкретни барања упатени кон државните институции.

Властите повеќепати се обидоа да го задушат нивниот отпор, нудејќи различни поволности, но студентите останаа решителни во својата борба.

Блокадите на факултетите започнаа на Факултетот за драмски уметности, каде што студентите и професорите беа нападнати на 22 ноември додека со мирна блокада на улицата од 15 минути им оддаваа почит на загинатите во уривањето на покривната конструкција на железничката станица во Нови Сад. Наскоро протестите се проширија на повеќе од 60 државни факултети низ цела Србија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен