Студентите сѐ поблиску до Белград, Вучиќ ги повика младите од контра кампот да се повлечат од Пионерскиот парк

Додека студентите во блокадата со месеци ги блокираат факултетите и организираат протести, друга група млади луѓе кои себеси се нарекуваат „Студенти 2.0“ со денови кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.

Тие имаат други барања од надлежните – наставата на универзитетите да започне најдоцна до 17 март.

Александар Вучиќ вчера, во четврток на 13 март, ја прими нивната делегација и ги замоли во сабота да го напуштат Пионерскиот парк, а следниот ден да се вратат.

Неофицијалната локација на протестот на 15 март е платото пред Собранието на Србија, каде што се наоѓа Пионерскиот парк.

„Доколку ја прифатите оваа понуда, бескрајно ви благодарам, а ако не, ќе ги заштитиме сите“, рече српскиот претседател, пренесе Радио телевизија на Србија.

Студентите ќе одговорат во рок од 24 часа.

Вучиќ претходно, пред студентскиот протест на 15 март, рече дека властите „ќе свират крај“ за протестите, што значи дека организаторите на собирот потоа „ќе фрлат сè на една карта и ќе се обидат да направат нешто преку насилство“.

„Државата е силен и организиран систем кој ќе обезбеди стабилен јавен ред и мир, уставен поредок и државни институции“, продолжи Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи.

Тој рече дека „секој има право на мирно собирање и дека никој нема право да ги напаѓа оние што мислат поинаку и дека полицијата е подготвена да даде свој придонес за сето ова“.

Зачлени се на нашиот е-билтен