Студентите во блокада во Србија вечерва повторно на протест „Србијо, разбуди се“

Студентите кои веќе неколку дена се во блокада најавија за вечерва во 20 часот протест под мотото „Србијо, разбуди се“ на неколку локации во Белград. Паралелно, најавени се собири и во околу 30 градови низ Србија, меѓу кои Нови Сад, Ниш, Пирот, Лесковац и Врање.

Протестите следат по синоќешните инциденти во Врбас и Бачка Паланка. Според директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, во Врбас биле повредени 16 полицајци, а 52 граѓани побарале лекарска помош. „Се соочивме со сериозен обид за загрозување на јавниот ред и мир“, изјави Васиљевиќ.

Во Врбас, полицијата формираше кордон за да ги раздели собраните поддржувачи на владејачката СНС и демонстрантите. Слична сцена се повтори и во Бачка Паланка, каде што протестот беше организиран во поддршка на нападнат сограѓанин, а полициски кордони повторно ги одвоија двете страни.

Зачлени се на нашиот е-билтен