Седум студенти кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на Инстаграм профилот „Студенти во блокада“, пренесува денеска Н1.
Како што изјавиле студентите, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон учениците.
Студентка била турната по скалите и паднала на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Брза помош била пренесена во болница за да и биде укажана прва помош“, напишале студентите.
По инцидентот непознати лица пристигнале со возила за отстранување докази од Правниот факултет.
Како што соопштија за Фонет од Итната помош, учениците се здобиле со полесни повреди.
„Според она што го видовме, тие не се значително повредени. Немаа видливи повреди. Ги имаше вкупно седум“, изјави дежурниот лекар од Итната медицинска помош.
Студентите бараат лицата кои ги нападнаа нивните колеги да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети.
Од видеото објавено на истиот Инстаграм профил се гледа дека полицијата уапсила едно лице осомничено дека учествувало во нападот врз студентите.
Pravni fakultet: "Prema informacijama koje trenutno imamo od svedoka, uhapšeno je samo jedno lice od navodnih šest lica koji su učestvovali u večerašnjem napadu na studente!" pic.twitter.com/d6kX9vUZDz
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) January 14, 2025
Според информациите што во моментов ги имаме од сведоци, уапсено е само едно лице од наводните шестмина кои учествуваа во вечерашниот напад врз студенти“, напишаа студентите во блокадата на Х.
Српските и регионалните медиуми пишуваат и за други огромни притисоци на кои се изложени студентите.
Провладините медиуму пишуваат дека сè помалку граѓани ги поддржуваат протестите кои почнаа како студентски протести бидејќи се поочигледно е дека опозицијата презема власт, а значително поголем број студенти се за продолжување на студиите, а не за нивно блокирање, велат соговорниците на Курир.