Во Тирана и синоќа имаше протести против владата на Еди Рама, кои прераснаа во насилство, откако демонстрантите се судрија со полицијата, фрлаа молотови коктели и други запаливи предмети. Еден од нападите беше насочен кон вилата на поранешниот комунистички лидер Енвер Хоџа, која беше запалена во еден дел, според албанските медиуми.
Полицијата одговори со солзавец и водени топови во обид да ја растера толпата од централните улици на Тирана, објавува албанскиот Топ Ченел.
Опозицијата, предводена од Демократската партија, бара оставка од премиерот Еди Рама и неговата влада, поради широко распространетите обвинувања за корупција и злоупотреба на државните ресурси.