Винска визија на Отворен Балкан го доби престижниот статус „UFI-Approved Event“

Винска визија на Отворен Балкан (Wine Vision by Open Balkan), водечкиот регионален саем за вино, храна и туризам, официјално е признат како UFI Approved Event од страна на UFI – Глобалната асоцијација на изложбената индустрија, најзначајната меѓународна организација во овој сектор, објави Wine Vision Fair.

Ознаката UFI Approved Event претставува глобално почитуван симбол на квалитет кој се доделува на саеми што ги исполнуваат јасно дефинираните меѓународни стандарди и чии клучни показатели – како вкупна нето-изложбена површина, број на изложувачи и број на посетители – се независно проверени.

Со ова признание, Wine Vision by Open Balkan станува првиот и единствен саем за вино, храна и туризам во Србија и на Западен Балкан што го добил статусот UFI Approved Event, нагласувајќи ја неговата улога како централна регионална платформа и место за вмрежување на индустриите за вино, ракија и гастрономија.

Организиран на Белградскиот саем – долгогодишен член на UFI и еден од најзначајните изложбени простори во Југоисточна Европа – Wine Vision by Open Balkan секоја година обединува стотици винарии, дестилерии, производители на храна, туристички организации и HoReCa професионалци од десетици земји, комбинирајќи силен B2B фокус со богат програм за пошироката јавност.

UFI ознаката дополнително ќе ја зајакне меѓународната позиција на Wine Vision by Open Balkan и ќе ја поддржи неговата мисија да ја промовира винската и ракиската сцена на Србија и поширокиот регион на Отворен Балкан, да ги поврзува регионалните производители со купувачи, увозници и дистрибутери од клучните светски пазари и да го развива Белград како признато регионално средиште за винската и гастрономската индустрија.

Четвртото издание на Wine Vision ќе се одржи од 22 до 25 ноември на Белградскиот саем – одлична можност да се доживее настан организиран според светски стандарди. Видиме се таму, во добро друштво!

Зачлени се на нашиот е-билтен