Денеска нова шанса за медал во борење за Македонија на Медитеранските игри

Вчерашниот ден во Таранто на Македонија ѝ ги донесе првите медали.

Македонските борачи освоија две сребрени и еден бронзен медал во борење и со тоа Македонија се запиша на списокот од 22 делегации кои освоија медали.

Денеска, имаме нова шанса за уште еден медал, исто така во борење, но сега во женска конкуренција.

Од 19:30 часот Вероника Консевич ќе се бори за бронзен медал во категоријата до 57 килограми, а противничка ќе ѝ биде Милица Перовиќ од Србија.

Ако Консевич успее да победи, Македонија ќе го запише својот четврт медал на Медитеранските игри кои траат до трети септември.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?