Галатасарај го победи Ливерпул, втори победи за Баерн, Интер и Реал

Ливерпул загуби од Галатасарај

Галатасарај го победи Ливерпул со 1:0 во второто коло од Лигата на шампионите. 

Виктор Осимен го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 16. минута.

Галатасарај го доби својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и е на 18-то место со три бода. Ливерпул, со ист број бодови, е на 16. место.

Во третото коло од Лигата на шампионите, Галатасарај ќе биде домаќин на Боде-Глимт на 22 октомври, додека Ливерпул ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт истиот ден.

Втори победи забележаа Баерн Минхен (против Пафос 5:1), Интер (над Славија 3:0) и Реал Мадрид (против Каират 5:0) за максимални шест бода по двете стартни кола во елитната фудбалска лига.

Зачлени се на нашиот е-билтен