Роналдо: Го играм моето последно светско, но се надевам дека вечерашниот натпревар нема да биде последен на ова

Роналдо

Кристијано Роналдо потврди дека Светското првенство во 2026 година ќе биде последно во неговата богата кариера.

41-годишната португалска суперѕвезда се подготвува за тежок осминафинален натпревар против Шпанија во вечерва во 22 часот.

„Ова ќе биде моето последно Светско првенство, но се надевам дека утре нема да биде мојот последен натпревар“, рече Роналдо пред судирот со европските шампиони.

Кристијано, кој го игра своето шесто Светско првенство, рече дека ништо не му недостасува во кариерата и покрај тоа што не го освои Светското првенство.

„Нема да бидам повеќе или помалку Кристијано ако го освојам Светското првенство“, додаде португалскиот напаѓач.

На прес-конференцијата на Роналдо му беше поставено прашање и за Ламине Јамал. „Тој е играч со одлична иднина. Но, секогаш ја гледав Шпанија како целина – тие се одлична класа“, призна тој.

Ако Португалија може да ги помине Шпанците, ќе се соочат со САД или Белгија во четвртфиналето.

Најчитано