Квалификациите во поединечна конкуренција на турнирот УС Опен започнаа денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август.
На стартот на турнирот познат е и наградниот фонд.
Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова претставува зголемување од 44 проценти во текот на двете години.
Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“.

