Македонскиот боксер, Ален Рустемовски, обезбеди полуфинале на Медитеранските игри.
Тој денеска во четвртфиналето во категоријата до 60 килограми, го совлада Ариол Зенели од Албанија.
Рустемовски утре ќе боксува против шпански претставник а дури и да загуби веќе има обезбедено бронзен медал.
Македонија во Таранто веќе освои три медали, еден бронзен и два сребрени.

