Рустемовски загуби во полуфиналето но дома носи бронза од Таранто

Македонскиот претставник во бокс на Медитеранските игри во Тарант Ален Русетмовски загуби во денешниот полуфинален дуел.

Рустемовски во категоријата до 60 килограми загуби од Шпанецот Еварт Андрес Марин Хернандез на поени со вкупен резултат 1:4.

Сепак, и покрај поразот Рустемовски во Скопје доаѓа со бронзен медал затоа што во оваа категорија нема борби за трето место.

Со последниот медал на Ален, Македонија сега има вкупно пет медали, (две сребрени и три бронзени) од 20. Медитерански игри кои се одржуваат во Таранто Италија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?