Со гол од пенал во 18-тата минута, Велс поведе против Македонија во натпреватот од квалификациите за Светското првенство 2026 година
Само една минута подоцна напаѓот од средниот ред Брукс го зголеми резултатот на 2:0.
Македонија ја врати во игра Бојан Миовски кој во одлично проигрување се најде во позиција да постигне гол за Македонија
Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да останат непоразени и со тоа да изборат бараж за Мундијалот.
Во случај на чудо во Лиеж и победа на Лихтенштајн над Белгија, тогаш македонската репрезентација може и до директен пласман на СП ако триумфира во Кардиф.
На Велс за освојување на второто место во групата, му треба победа над нашата репрезентација која нема пораз цел квалификациски циклус.

