Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Акциите на европските банки паѓаат, до пладне, банките во Лондон беа во минус од 6,66%

Европските банки беа потресени од уште една турбулентна седница во средата, паѓајќи за дури 10% поради загриженоста за глобалните последици од колапсот на банката во Силиконската долина минатата недела и драматичниот пад на Кредит Свисс (Credit Suisse).

До пладне, европските банки беа во минус од 6,66% во Лондон.

Париската берза исто така доби голем удар бидејќи француската банка Société Générale падна за 10,6% и BNP Paribas за 10,3%. Ова го означува најголемиот пад за Société Générale од 24 февруари 2022 година и од 16 март 2020 година за BNP Paribas.

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse, која ја следат низа скандали, во средата објави дека нејзиниот главен акционер не може да обезбеди дополнителна финансиска помош. Групата се бори да се опорави од голем број финансиски скандали кои се објавувија во голема мера.

Акциите на банките веќе се разнишани по колапсот на банката во Силиконската долина. Историскиот неуспех предизвика масовна паника и покрај невидената интервенција на американските власти за спречување на прелевањата и за уверување на пазарите.

Извор Еуроњус

Зачлени се на нашиот е-билтен