Ако летате за Турција, повеќе не смеете да го правите ова во авионот – следува казна

Државната управа за авијација на Турција донесе нов правилник важен за сите кои планираат да летаат за оваа земја.

Новите правила, кои стапија на сила почетокот на мај, забрануваат предвремено одврзување на безбедносниот појас и излегување во преминот пред авионот целосно да застане.

Целта на овие прописи е да се зголеми безбедноста, бидејќи е утврдено дека многу патници ги одврзуваат појасите, стануваат од седиштата и отвораат пртљажници пред авионот да се запре.

Генералниот директорат на турската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека добиле приговори за кршење на ова правило и инспекциите потврдиле дека многу патници не го почитуваат.

Не е наведена конкретна висина на казната во правилникот, но турската телевизија Halk TV јавува дека казната за овие прекршоци изнесува 2.603 турски лири или околу 60 евра.

Парична казна може да биде изречена и ако патниците брзаат кон излезот откако светлото за сигурносен појас е исклучено, а патниците пред нив во редот сè уште не се подготвени.

Зачлени се на нашиот е-билтен