Турција ги отфрли наводите дека авионот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху добил дозвола да прелета над турска територија на пат кон Азербејџан на 7 мај.
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кечели, изјави дека такво барање не било поднесено и ги оцени тврдењата како „апсолутно неточни“.
„Не ни е предадено никакво официјално барање за прелет“, рече Кечели, а неговата изјава ја пренесе весникот Хуријет.
Истовремено, Центарот за борба против дезинформации при Одделот за комуникации на турската претседателска администрација објави дека воздушниот простор на Турција е затворен за израелски авиони – вклучително и за авионот на Нетанјаху – како дел од мерките донесени во контекст на конфликтот во Газа.