Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Апликациите со вештачка интелигенција генерирале дезинформации и лажни вести, Епл ја суспендираше својата алатка

„Епл“ (Apple) ја суспендираше својата нова функција за вештачка интелигенција која ги сумира предупредувањата за вести и забавни апликации, откако се соочи со поплаки од новински куќи и групи за слобода на печатот за генерирање лажни и неточни информации.

Зошто е важно: Би-Би-Си поднесе официјална жалба откако резимеата на Apple Intelligence создадоа неточен наслов на извештајот на британскиот медиум кој погрешно го претставува извештајот за Луиџи Мангионе, осомничениот за минатомесечното убиство на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, сугерирајќи дека тој извршил самоубиство.

Тоа е најновото во серијата проблематични презентации на функции за вештачка интелигенција од страна на технолошките гиганти, при што Мајкрософт во јуни објави промени во неговата функција „Потсетување“ по критиките од експертите за безбедност и приватност.

Google го паузираше генерирањето слики со вештачка интелигенција минатиот февруари по поплаките за различноста.

По контроверзноста на со неточните наслови на Би-Би-СИ, Репортери без граници ги нарече генеративните услуги за вештачка интелигенција „опасност за правото на јавноста на веродостојни информации“.

Во меѓувреме, Националната унија на новинари со седиште во Велика Британија го повика Apple брзо да ја отстрани функцијата, велејќи: „Во време кога пристапот до прецизно известување никогаш не бил поважен, јавноста не смее да биде ставена во позиција да добива неточни вестите“.

Би-Би-Си тогаш објави дека три вести за различни прашања на Њујорк Тајмс на 21 ноември „биле групирани во едно известување“, при што во едната се наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху бил „уапсен“.

„Со најновите изданија на бета софтвер на iOS 18.3, iPadOS 18.3 и macOS Sequoia 15.3, резимето на известувањата за категоријата Вести и забава ќе бидат привремено недостапни“, изјавија од Apple.„Работиме на подобрувања и ќе ги направиме достапни во идното ажурирање на софтверот“.

Зачлени се на нашиот е-билтен