Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Австрија ги прекина спасувачките акции во Турција поради „судири меѓу фракции“

Австриската војска ги прекина спасувачките операции во уништената од земјотресот Турција поради влошената „безбедносна ситуација“, изјави воен портпарол.

Избија судири меѓу фракциите, изјави тој за АФП без да наведе повеќе детали. Портпаролот истакна дека 82 војника од австриските сили за помош при катастрофи се засолнети во јужната провинција Хатај во базен камп со други меѓународни организации и чекаат инструкции.

Тие во вторникот пристигнаа во Хатај со 45 тони опрема и успеаја да извлечат девет лица од под урнатините. Спасувачите требаше да се вратат во Австрија во четвртокот, но сега се размислува за ова, рече портпаролот.

Во Турција има зголемена агресија меѓу фракциите, изјави потпоручник во австриските вооружени сили, додавајќи дека има извештаи за истрели.

Нема напад врз нас Австријците. Сите сме добро“, рече тој и додаде дека „би сакале да продолжиме да помагаме, но околностите се такви.

Зачлени се на нашиот е-билтен