Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15 август, објави Ен-Би-Си.
Повикувајќи се на изјава од висок американски функционер и три лица кои се информирани за внатрешните дискусии, американската телевизија наведува дека „за тоа се дискутира“.
Во извештајот се додава дека посетата на Зеленски не е финализирана и дека не е јасно дали украинскиот лидер на крајот ќе биде на Алјаска за состаноците, но дека тоа останува како можност.