Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британскиот премиер вели дека не планира да ја советува Индија за нејзината позиција за Украина

 Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека не е во позиција да и каже на Индија која страна да ја заземе во однос на руската војна во Украина.

– Јас не сум човек што би и кажал на Индија каква позиција да заземе за меѓународните прашања, но знам дека таа ги почитува меѓународното право, Повелбата на ОН и го почитува територијалниот интегритет“, рече Сунак во интервјуто на Сунак за индиската новинска агенција АНИ.

Досега Индија не ја обвини Москва за војната и повикува на решение преку дијалог и дипломатија. Весникот „Фајненшл тајмс“ денеска објави дека Сунак ќе го повика својот индиски колега да ја „критикува“ Русија за војната. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново