Црвениот крст привремено ги запира операциите во Газа поради засилените израелски напади

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска соопшти дека е приморан привремено да ги прекине своите активности во градот Газа, поради интензивирањето на израелските воени операции.

Од организацијата предупредуваат дека десетици илјади луѓе кои сè уште се во градот живеат во „ужасни хуманитарни услови“.

„Засилените воени дејствија во градот Газа нè принудија да ја затвориме канцеларијата таму и да го преселиме персоналот во јужниот дел на Појасот Газа. Тоа е неопходно за безбедноста на нашите тимови и за да обезбедиме континуитет на нашите операции,“ се наведува во соопштението на МКЦК.

Паралелно, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска издаде последно предупредување до жителите на Газа да се евакуираат кон југ, во спротивно, како што рече, ќе бидат „сметани за терористи“.

Зачлени се на нашиот е-билтен