Двајца новинари, на Асахи Шимбун и на Ал Џезаира, се убиени во Газа

Двајца новинари, дописник на јапонскиот дневен весник Асахи Шимбун и репортер на Ал Џезира, загинаа во израелските напади во Појасот Газа, јавија медиумите.

Асахи Шимбун јави дека дописникот Мохамед Мансур (29) бил убиен во неговиот дом во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, додека Ал Џезира ја идентификувала втората жртва како нејзиниот дописник, 23-годишниот Хосам Шабат.

– Нападите врз цивили, вклучително и новинари, никогаш не се прифатливи под никакви околности, пишува јапонскиот дневен весник.

Вкупниот број на новинари убиени во Газа откако Израел почна воена офанзива во октомври 2023 година, во моментов изнесува 208, според властите во Газа.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, на прес-конференција рече дека овие убиства се „уште еден пример за опасностите со кои се соочуваат новинарите во Газа и секоја конфликтна зона, а новинарите треба да бидат заштитени на секој начин“. ј

Зачлени се на нашиот е-билтен