Двајца полицајци загинаа, а еден е ранет во вооружен напад на полициска станица во Измир, на западот на Турција, соопштија безбедносни извори, а пренесува Ројтерс.
Напаѓачот, за кого се наведува дека има 16 години, е приведен по отворањето оган врз полициската станица „Салих Исгорен“ во округот Балкова, јави телевизијата НТВ.
Турција во минатото била цел на напади од курдски милитанти, исламски групи и екстремно левичарски организации, а често цел на нападите биле безбедносните сили и владините институции.
Измир, третиот по големина турски град на егејската обала, бил погоден од напади на милитанти и во минатото, вклучувајќи и експлозија на автомобил-бомба пред суд во 2017 година, во која загинале две лица.