Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ердоган: Добивме одговорност да владееме во следните пет години, единствениот победник е Турција

 Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

– Добивме одговорност да владееме во следните пет години, им порача Ердоган на граѓаните собрани во Истанбул.

Ердоган, пред насобраните приврзаници во Истанбул истакна дека единствен победник е Турција и им се заблагодари на граѓаните што гласале.

Тој оцени дека оваа изборна победа отвора ново турско столетие.

ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново