Ердоган му порача на Мерц: Израел спроведува геноцид во Газа, а Германија тоа не го признава

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес му порача на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија одбива да признае дека Израел спроведува геноцид врз населението во Појасот Газа.

На заедничката прес-конференција во Анкара, Ердоган го запраша Мерц дали Берлин навистина не гледа што се случува во Газа, додавајќи дека Израел е одговорен за гладта и нападите врз цивилите во тој регион.

„Израел располага со атомско и друго тешко оружје со кое ја напаѓа Газа. Палестинската организација Хамас нема такво оружје“, изјави турскиот претседател.

Ердоган нагласи дека Израел повторно ја нападнал Газа и покрај договорот за прекин на огнот, пренесе Ројтерс.

Тој оцени дека хуманитарна должност на Турција, Германија и на сите други земји е да придонесат за запирање на гладта и масакрите во Појасот Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен