Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара изјави дека една од задачите на турскиот Парламент кога ќе продолжи со работа оваа есен ќе биде да усвои нов устав кој ќе го замени оној што беше во републиката по воениот удар во 1980 година.
- Нашето ветување за нацијата ќе биде првокласен устав кој ќе ги надополнува првокласните демократија, економија и слободи. Нашата визија за „Векот на Турција“ ќе се зајакне со таков устав“, рече Ердоган . – Со продолжувањето на работата на парламентот, ќе ги обновиме нашите иницијативи за зајакнување на турската демократија со нов устав, додаде тој.
Соодветната законска иницијатива ќе биде поднесена на разгледување на есенската седница на парламентот, која започнува во октомври.
Сегашниот устав е воведен по воениот удар во 1980 година .
Претседателот на Турција двапати поднесе на национално одобрување прашања поврзани со измените на уставот. По референдумот во 2017 година, парламентарната форма на владеење на републиката беше заменета со претседателска, но не беше усвоен нов устав во светлината на овие промени. По неговиот реизбор за нов претседателски мандат во мај, Ердоган рече дека усвојувањето на новиот устав е една од главните задачи на неговата администрација.