ЕУ и 24 земји со итен повик за ставање крај на гладувањето во Газа

Европската унија, заедно со Велика Британија, Јапонија и уште 22 држави, побараа итни меѓународни мерки за запирање на гладувањето во Газа, каде што војната меѓу Израел и палестинските вооружени групи трае речиси две години.

„Хуманитарното страдање во Газа достигна незамисливи размери. Луѓето гладуваат пред нашите очи,“ стои во заедничкото соопштение.

Меѓу потписниците се и Канада и Австралија, кои бараат Израел да овозможи непречено минување на сите хуманитарни конвои на меѓународните невладини организации и да ги отстрани сите бариери што ја спречуваат работата на хуманитарците.

Повикот е формално поддржан од високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, и од министрите за надворешни работи на 17 земји членки на Унијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен