Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европол предупредува: Дури 41% од криминалните организации го користат овој пазар за перење пари

Организираниот криминал и криминалот воопшто заработуваат огромна сума на пари, додека конфискацијата на имотот стекнат со криминал во светот е исклучително ниско.

Поконкретно, се претпоставува дека агенциите за спроведување на законот успеваат да запленат само два отсто од годишната заработка на криминалците од незаконски активности. Останатите 98 отсто, како што предупредува Европол, обезбедуваат гориво за организираниот и друг вид криминал за да продолжи ширењето на таквите активности.

Европол предупредува и дека најопасните криминални мрежи во ЕУ користат недвижности како еден вид „мастер шема“ за перење на сите незаконски и неоданочени профити, а претпоставката на Европол е дека 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари. Поради сето горенаведено, стана очигледна потребата од започнување на проектот A. S. S. E. T. (Asset Search & Seize Enforcement Taskforce), чија главна задача е претрес, идентификација и одземање на имот стекнат со криминални активности.

Во проектот се вклучени повеќе од 80 финансиски експерти од целиот свет, чиј домаќин беше Европол. Ним им се придружија 43 агенции за спроведување на законот од 28 земји, како и разни меѓународни операции, вклучувајќи ги Европравда и Интерпол. Целта на проектот беше размена на информации за идентификации и замрзнување и конфискација на криминални средства на сите можни начини. Беа проучувани и нови начини на работа и шеми што се користат во перење пари.

Во текот на нивната заедничка работа, вештаците успеале да идентификуваат 53 имоти за кои постои сомневање дека се купени со пари од криминални активности, при што е утврдено дека осум од нив се во вредност од 38,5 милиони евра.

Дополнително, откриени се 220 банкарски сметки, од кои една со 5,6 милиони долари, 15 фирми користени како фронтови за перење пари, повеќе од 20 јахти и луксузни возила, при што е утврдено дека четирите запленети транспортни средства вредат над 600.000 евра.

Откриени се и 83 адреси и паричници на криптовалути, а замрзнати се 200.000 евра криптовалути.

Колку е важно запленувањето на криминалните средства покажува неодамнешната акција на Европол против нарко-картелите, кога беа запленети 27 милиони евра во криптовалути.

Зачлени се на нашиот е-билтен