Француската Влада денеска апелираше за мир по смртта на 16-годишното момче на мотор, кое по потера се судри со полициски автомобил во близина на Париз и почина во болница.
Откако пред нешто повеќе од два месеци смртта на 17-годишник со северноафриканско потекло, кој беше застрелан од полицаец во предградие на Париз, доведе до протести и грабежи низ Франција, владата во Париз се соочува со уште една сличен инцидент, поради што повикува на мир.
Обвинителите сега ги истражуваат полициските тврдења дека 16-годишникот, чие потекло не е откриено, вчера одбил да го запре својот мотор додека возел на тротоар, по што удрил во полициско возило на раскрсница.
Двајца полицајци се приведени до завршување на истрагата за убиство од небрежност.