Гутереш: Враќањето на војната во Газа би било катастрофа

Враќањето на војната во Појасот Газа би било „катастрофа“, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, додека завршува првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас и се наѕира неизвесност околу преговорите за продолжување на прекинот на огнот.

„Императив е да се направат сите напори за да се спречи враќање на конфликтот, што би било катастрофа. Трајниот прекин на огнот и ослободувањето на сите заложници се од суштинско значење за да се избегне ескалација и понатамошни разорни последици за цивилите, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, по 15 месеци разорна војна во Газа, а денеска завршува првата фаза од договорот за прекин на огнот.

Во моментов нема индиции за преговори за продолжување на примената на примирјето.

Зачлени се на нашиот е-билтен