Хаос во Лондон: Ресторан кој го посетува кралското семејство затворен од одвратна причина

Лондонските власти го затворија луксузниот ресторан „Beach Blanket Babylon“ во Нотинг Хил, кој го посетуваат членови на британското кралско семејство, поради нехигиенски услови, вклучително и присуство на глувци, стаорци и бубашваби, објави денеска „Дејли мејл“.

Властите велат дека измет од глувци бил пронајден и во храната во ресторанот, кој го посетува британското кралско семејство и ѕвездите Рита Ора и Селена Гомез.

По две инспекции, во 2022 и 2023 година, локалната власт покрена обвиненија против деловните оператори Роберт Кенет Њумарк и Конор Џорџ Томсон-Мур.

Тие признале „сериозни прекршоциво врска со храната“, по што обвиненијата против Њумарк биле отфрлени, а Томсон-Мур се очекува да биде осуден кон крајот на оваа година, пишува „Дејли мејл“.

Зачлени се на нашиот е-билтен