Педесетина Палестинци беа повредени, главно од огнено оружје, за време на инцидент при дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа, соопшти претставник на Обединетите нации.
Шефот на Канцеларијата на ОН за човекови права на палестинските територии, Аџит Сунгаи, изјави дека најголемиот број од повредените биле погодени со огнено оружје, кое, според достапните информации, го употребила израелската армија.
Инцидентот се случил кога голем број Палестинци го преплавиле хуманитарниот центар основан од фондација поддржана од Израел и САД, обидувајќи се да дојдат до неопходна помош.