Карикатуристот Сатиш Ачарја со својата карикатура за „врзувањето со БРИКС“, објавена во „Дејли Мејл“, ја прикажува подредената позиција на Индија во однос на Кина. Во карикатурата е прикажан индискиот премиер, Нарендра Моди, кој вели: „Разговаравме за различните видови врзување меѓу Индија и Кина“, додека е врзан со јаже зад грбот.
Двете земји, основачи на БРИКС, имаат и сериозни територијални недоразбирања, за што пишува ЦИВИЛ МЕДИА.