Израел уништи уште еден солитер во Газа, следуваат и други

Израелската војска попладнево го уништи солитерот „Кула Суси“ во југозападниот дел на градот Газа, објавија очевидци за Франс прес, откако воените власти претходно повикаа на евакуација на населението од областа.

Во соопштението, Израелската армија наведува дека зградата ја користи терористичката организација Хамас. Солитерот се наоѓа во иста зона на евакуација како и претходно најавената „Кула Руја“, која, според војската, исто така ќе биде нападната.

На социјалните мрежи се споделени снимки на 15-катниот солитер кој се урнува во голем облак прашина по експлозијата. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, на платформата X само напиша: „Продолжуваме“.

Не се наведува дали има повредени или загинати лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен