Телото на Јусеф Зијадне, израелски бедуин, киднапиран од милитантите на Хамас во крвавиот напад на 7 октомври 2023 година, е пронајдено во тунел во Појасот Газа, со докази дека можеби е убиен и неговиот син, соопшти израелската војска.
Сè уште не е познато како точно е убиен Зијадне, но потполковникот Надав Шошани рече дека неговата смрт не се случила неодамна.
Ги истражуваме околностите на неговата смрт и истражуваме и докази поврзани со неговиот син, изјави за новинарите потполковникот.
Овие наоди предизвикуваат загриженост за неговиот живот и се уште се истражуваат во овој момент.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека се пронајдени телата на двајцата мажи.
Шошани рече дека во вторникот специјалните сили извршиле сложена и тешка операција во тунел во близина на градот Рафах на југот на Појасот, и дека телото на Зијадне било пронајдено покрај телото на вооружените членови на Хамас или некоја друга палестинска милитантна група, пишува Ројтерс.
Две други деца на Зијадне, киднапирани во исто време, беа ослободени во размена на заложници во ноември 2023 година.
Преговорите за крајот на војната во Газа и враќањето на преостанатите заложници продолжуваат во Доха, а тоа би вклучило и враќање на некои Палестинци од затворите во Израел.