Југосточен Авганистан повторно погоден од силен земјотрес

земјотрес во Авганистан

Авганистан е погоден од уште еден земјотрес, овојпат со јачина од 6,2 степени, на југостокот на земјата, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри.

Овој потрес следува по серија земјотреси претходно оваа недела, во кои животот го загубија повеќе од 2.200 лица, а над 3.600 беа повредени. Многу села беа целосно уништени, а десетици илјади жители останаа без свој дом.

Првиот земјотрес, со јачина од 6 степени, предизвика огромни штети во покраините Кунар и Нангархар и се смета за еден од најсмртоносните во Авганистан во последните години.

Хуманитарните организации предупредуваат дека ресурсите се на исцрпување, а Обединетите нации и други агенции нагласуваат дека е итно потребна храна, засолништа и медицински средства за преживеаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен